Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Модата на Golden Heart Awards 2017

ФОТО: Модата на Golden Heart Awards 2017

Гвинет Палтроу, Кејт Хадсон, Ана Винтур, Џоан Смолс, Џордан Дан и Ешли Греам се само дел од ѕвездите кои присуствуваа на синоќешниот хуманитарен настан Golden Heart Awards.

Настанот беше организиран од добротворната организација „God’s Love We Deliver“, која се занимава со обезбедување на оброци за лица кои живеат со рак, сида и други тешки болести, поради што не се во можност да купуваат намирници и самостојно да ја подготвуваат храната. Организацијата обезбедува околу 6.600 оброци дневно, кои ги подготвува и дистрибуира тим од преку 10.000 волонтери.

Повеќето од ѕвездите блескаа во креации на Мајкл Корс. Особено воодушевуваше светкавата креација во која беше облечена Гвинет Палтроу. Припиениот фустан од кој ѝ се проѕираше кожата, Палтроу го искомбинира со сребрени сандали.

Златно срце Златно срце

Елегантната 45-годишна актерка беше наградена за својот хуманитарен и филантропски ангажман и беше пресреќна кога ја прими наградата „Мајкл Корс“.

Златно срце Златно срце

Кејт Хадсон се одлучи за црвен, припиен фустан од Мајкл Корс и штикли со нежна, кремова нијанса.

Златно срце Златно срце

Ана Винтур се појави со своите препознатливи темни очила и фустан со интересен, релјефен дезен.

Златно срце Златно срце Златно срце

Ангелот Џасмин Тукс носеше впечатлив, светкав комбинезон, а својата тенка фигура ја истакна со ист колан.

Златно срце Златно срце

Џордан Дан блескаше во креација на Мајкл Корс со гепардски принт и длабоко деколте.

Златно срце Златно срце

29-годишниот модел Ешли Греам ги истакна облините во асиметрично црно-бело здолниште со висок шлиц и црн колан.

Златно срце Златно срце

Меги Џиленхол се одлучи за цветен принт. Сакото на Мајкл Корс со сино-бели цветови го комбинираше со долг фустан од истиот материјал, но со жолто-бели цветови.

Златно срце Златно срце

Џоан Смолс привлече многу погледи во откопчана кошула, цветни панталони, бело сако и бели сандали.

Златно срце Златно срце

Меѓу гостите на настанот беше и Каролина Ерера. Славната дизајнерка ја надополни црната креација со впечатлив златен накит.

Златно срце Златно срце

Хилари Ронда, заштитното лице на козметичкиот бренд Estee Lauder, носеше темноцрвена креација со леопардски принт, а високиот шлиц ѝ ги истакнуваше долгите нозе.

Златно срце Златно срце

Погледнете како изгледаа останатите гости на Goloden Heart Awards:

Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце Златно срце

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.