Меланија Трамп моментално е на првата самостојна турнеја како прва дама. 47-годишната сопруга на Доналд Трамп отпатува во Канада, каде се сретна со принцот Хари.
Првата дама на САД изгледаше шик во костум од Диор додека разговараше со британскиот принц и додека заедно позираа пред фоторепортерите.












Меланија и Хари, заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо, присуствуваа на отворањето на „Invictus Games“ во Торонто, кое се одржува во чест на ранетите и болните војници ширум светот.


