Ноќта на вештерките (Халовин) ги намами славните личности да ја покажат својата креативност и да се претворат во забавни, страшни, секси и смешни ликови.
Погледнете ги маските кои ги избраа холивудските ѕвезди за еуфоричните забави:
Џенифер Лопез
Џенифер Лопез и Каспер Смарт маскирани како костури.
Бијонсе
Бијонсе, Џеј Зи и Блу Ајви како ликови од „Coming to America“.
Претходно 34-годишната пејачка се претвори во Сторм од хит-филмовите на Марвел „X-Men“.
Адријана Лима
Ќеркичките на Лима, Валентина и Сиена.
Елен Деџенерис
Елен Деџенерис се маскираше во Карла, „заборавената“ сестра од семејството Кардашијан.
Џесика Алба
Џесика Алба со својата пријателка како русокосите Роми и Мишел од „Romy and Michele's High School Reunion“.
Алесандра Амбросио
Алесандра Амбросио се покажа во секси издание. Популарната манекенка стана жешка ѓаволица за нејзината забава „Heaven And Hell“ во Лос Анџелес.
Никол Шерцингер
Хајди Клум
Хајди Клум како и секоја година знае да изненади. Популарниот супермодел се трансформира до непрепознатливост во специјално изготвен костим на цртаниот лик Џесика Ребит од познатиот филм „Who Framed Roger Rabbit“.
Џиџи Хадид
Џиџи Хадид како Сенди од популарниот филм „Grease“.
Нил Патрик Харис
Нил Патрик Харис, Дејвид Буртка и нивните мали близначиња Харпер и Гидеон се маскираа во ликови од хитот „Star Wars“.
Ријана
Кендал Џенер
Кендал Џенер како женска верзија на Карл Лагерфелд, креативниот директор на Шанел.
Емили Ратајковски
Емили Ратајковски како Марџ Симпсон.
Ферги
Ферги и Џош Духамел како Карл Лагерфелд и неговата славна мачка Шупет.
Ким Кардашијан
Ким Кардашијан се маскира во самата себе и повторно ја облече истата креација од Живанши во која се појави пред две години на балот Мет, додека беше бремена за своето прво дете.
Синди Крафорд
Кајли Џенер
Мараја Кери
Шарлиз Терон
Шарлиз Терон како Снежана.