Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лупита Нионго шармантна во креација од Ели Сааб на премиерата на „Queen of Katwe“

ФОТО: Лупита Нионго шармантна во креација од Ели Сааб на премиерата на „Queen of Katwe“

Лупита Нионго активно го промовира својот најнов филмски проект. 33-годишната Оскаровка присуствуваше на премиерата на „Queen of Katwe“ во Холивуд, каде се појави во шармантна креација од Ели Сааб.

Фустанот во боја на лаванда доаѓа од колекцијата ресорт 2017 на либанскиот дизајнер. Својот стајлинг, славната актерка го надополни со турбан во иста боја и накит од Graziela Gems.

Лупита Нионго Лупита Нионго Лупита Нионго Лупита Нионго Лупита Нионго Лупита Нионго

„Queen of Katwe“ е направен според вистинска приказна за Фиона Мутеси, девојка од Уганда чиј живот брзо се менува откако влегува во шаховската игра и станува шампион.

Лупита позираше и со своите колеги од филмот, Мадина Нелванга и Дејвид Ојелово.

Лупита Нионго Лупита Нионго Лупита Нионго

На светската премиера, која се одржа во рамките на Филмскиот фестивал во Торонто, Лупита зачекори со сличен стајлинг. Накитот кој тогаш го носеше е во вредност од над 600.000 долари и е дело на компанијата за луксузен накит Tiffany & Co..

Лупита Нионго Лупита Нионго Лупита Нионго Лупита Нионго

Трејлер за Queen of Katwe

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.