Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лупита Нионго за „Harper’s Bazaar“ UK

ФОТО: Лупита Нионго за „Harper’s Bazaar“ UK

Лупита Нионго го покажа својот ведар дух за британското издание на „Harper’s Bazaar“. Талентираната оскаровка со блескава насмевка ги краси страниците на мајското издание на списанието.

Алекси Љубомирски ја фотографираше 32-годишната актерка додека таа позираше во креации од модни куќи како Луј Витон и Фенди и накит од Шопард. Стилскиот избор бил во рацете на Миранда Алмонд.

Лупита Нионго Лупита Нионго

Во интервјуто за списанието, Нионго признала дека очекувала нејзиниот живот да остане ист по Оскарите минатата година и дека славата нема да промени ништо. „Знаете, мислев дека сè ќе заврши по Оскарите. Мислев дека Оскарите ќе дојдат и ќе си заминат и дека одеднаш сè ќе биде повторно нормално, а јас ќе се вратам во мојот апартман“ – рекла таа.

Лупита изјавила и дека сака предизвици и не го сака комфорот. „Уживам да учам нови работи. Поради некоја причина уживам кога ми е неудобно. Тоа е поинтересно, попредизвикувачко... Тоа е причината поради која сум актерка. Бидејќи нема ништо комфорно во тоа да се биде актер. Секогаш си на работ“ – додала таа.

Лупита Нионго Лупита Нионго Лупита Нионго

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.