Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Луисана Лопилато се породи и го покажа синчето Ноа

ФОТО: Луисана Лопилато се породи и го покажа синчето Ноа

„Младата бунтовничка“ стана мајка. 26-годишната Луисана Лопилато и Мајкл Бубле добија синче.

Радосните родители ја објавија веста за раѓањето на Instagram и веднаш споделија фотографија од малото момче кое го доби името Ноа Бубле. На фотографијата Ноа мирно спие во прегратката на мајка си.

Мајкл, Луисана и нивниот син НоаМајкл, Луисана и нивниот син Ноа

Лопилато се породи во Ванкувер, Канада.

Две недели пред раѓањето на Ноа, возбудениот пејач изјави дека со нетрпение го чека денот кога ќе го види својот син за првпат. „Да бидам искрен и двајцата не сме неспокојни. Само сме возбудени. Едвај чекаме да го видиме какво е. Со нетрпение чекаме да го запознаеме ова мало момче“ – призна тој.

Бремената Лопилато со Мајкл на Juno Awards во априлБремената Лопилато со Мајкл на Juno Awards во април

Мајкл и Луисана се запознаа во ноември 2008 година, кога познатиот пејач призна дека се заљубил на прв поглед. Една година подоцна тој ја побарал нејзината рака. Во март 2011 година тие стапија во брак. Заљубениот пар во јануари годинава соопшти дека го очекува своето прво дете.

Луисана во бременостаЛуисана во бременоста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11393 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.