Пред три дена, Елена Ристеска го прослави 38-миот роденден.
Македонската пејачка добри бројни пораки и слатко роденденско изненадување од најблиските. Елена сподели фотографии од моментот и роденденската торта.
„Велат жена сјае кога е сакана. Моите најблиски ме изненадија за мојот роденден со прослава која вечно ќе ја паметам, а роденденов секогаш ќе ме потсетува колку многу сум сакана. Му благодарам на Господ за тоа и секако на моите најблиски“ – напиша таа.


Ристеска сподели кратко видео за да им се заблагодари на сите за честитките.
„Благодарам за убавите пораки и честитки. Среќна сум иако се 38 години, а не 18. Тотално квалитетно потрошени, во љубов и почит која ја давав и добивав од вас моите фанови, од моите најблиски, од соработници, од познаници, од случајни минувачи… Посакувам уште подобро потрошени следни 38 години минимум. Му благодарам на Господ што ме наградил со најпрекрасните обожаватели и блиски луѓе околу мене“ – напиша Елена.



