Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ванеса Брајант со емотивно видео го одбележа 18-тиот роденден на ќерката Џиана која загина заедно со Коби

Ванеса Брајант со емотивно видео го одбележа 18-тиот роденден на ќерката Џиана која загина заедно со Коби

Ванеса Брајант го одбележа 18-тиот роденден на ќерка ѝ Џиана, која почина заедно со нејзиниот сопруг Коби во хеликоптерска несреќа.

Сопругата на легендарниот кошаркар сподели видео со кадри и фотографии од Џиџи и напиша емотивна порака:

„Среќен роденден на мојата прекрасна девојка, Џиџи! Те сакам. Ми недостигаш. Се гордеам со тебе. 2024 беше твоја година. Ќе завршеше средно училиште и ќе избираше на кој колеџ да се запишеш. Јас со сите сили ќе се обидував да те убедам да останеш блиску до дома. Се гордеам со промените во спортот врз кои со тато работевте посветено. Продолжуваш да ме мотивираш и да ги инспирираш младите жени и девојки секојдневно. Те сакам засекогаш, мама“.

Брајант Брајант Брајант Брајант Брајант Брајант Брајант

И најголемата сестра на Џиџи со пост го одбележа овој важен ден.

„Среќен 18-ти роденден Џиџи. Те сакам до Месечината и назад и многу повеќе“ – напиша Наталија.

Брајант

Коби и Џиана загинаа заедно во јануари 2020 година кога се сруши хеликоптерот во кој патуваа.

Коби и Ванеса се сретнаа во 1999 година, кога тој имаше 20 години, а таа беше на 17-годишна возраст. Покрај Џиана и Наталија, тие се родители и на две други девојчиња – Бјанка и Капри.

Брајант статуа Коби Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.