Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лив Тајлер роди девојче, беше фотографирана со сопругот и бебето еден ден по породувањето

ФОТО: Лив Тајлер роди девојче, беше фотографирана со сопругот и бебето еден ден по породувањето

Лив Тајлер и Дејвид Гарднер ѝ посакаа добредојде на својата ќерка.

39-годишната актерка се породи вчера, а веста за доаѓањето на свет на малото девојче ја споделија и двајцата родители на своите профили на Instagram. И Лив и Дејвид објавија иста фотографија на популарната социјална мрежа. На неа, Дејвид го држи заспаното бебенце на своите гради.

Девојчето го доби името Лула Роуз Гарднер.

„Здраво!!! Нашето прекрасно девојче пристигна!!! Лула Роуз Гарднер ние сме пресреќни. Срцето ми експлодира од љубов“ – напиша среќната мајка на Instagram.

Дејвид Гарднер и Лула Роуз Гарднер

„Нашето прекрасно девојче пристигна. Лула Роуз Гарднер е неверојатно убава, здрава и фала му на Господ личи на мајка си!!! Вистински благослов. Татина ќерка... Сега започнува вистинската работа да ги тренирам нејзините поголеми браќа да станат нинџи, експерти во боречки вештини и телохранители 24/7“ – се пошегува Дејвид во својата порака.

Денес парот беше фотографиран додека се упатуваше кон својот дом во Њујорк.

Лив Тајлер и Дејвид Гарднер Лив Тајлер и Дејвид Гарднер Лив Тајлер и Дејвид Гарднер Лив Тајлер и Дејвид Гарднер Лив Тајлер и Дејвид Гарднер Лив Тајлер и Дејвид Гарднер

Лула Роуз е второ дете на Тајлер и Гарднер, кои ја започнаа својата врска во 2014 година, а се свршија следната година. Лив има и 11-годишен син од бракот со поранешниот сопруг Ројстон Ленгдон.

Лив Тајлер и Дејвид ГарднерБремената Лив Тајлер и Дејвид Гарднер на прошетка со синовите Лив Тајлер и Дејвид Гарднер Лив Тајлер и Дејвид Гарднер Лив Тајлер и Дејвид Гарднер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11215 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.