Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Криси Тиген и Џон Леџенд пар со стил во Париз

ФОТО: Криси Тиген и Џон Леџенд пар со стил во Париз

Криси Тиген и нејзиниот сопруг Џон Леџенд пристигнаа во Париз за последниот ден од Париската недела на модата. И двајцата ја објавија истата фотографија на своите профили на Instagram, а за нивното доцно пристигнување, Криси шеговито напиша: „Криси Тиген известува во живо од Париската недела на модата, од каде што сите други си заминаа штом ние стигнавме“.

Парот изгледаше прекрасно на нивното појавување на последната ноќ од Модната недела. Криси ги истакна своите нозе во краток, црн фустан на Miu Miu со долги ракави и впечатливи сребрени детали на јаката и ракавите. Сребрената чантичка и коланот, со кои Криси го надополни својот изглед, доаѓаат од истата модна куќа.

Криси Тиген

Нејзиниот сопруг беше комплетно облечен во парчиња од модната куќа Prada. Комбинацијата на Џон се состоеше од црвено-зелена кошула, темносини панталони и темнозелено сако со голем, кафеав џеб.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген

Модните комбинации на Криси ретко остануваат незабележани. Пред само неколку дена, славната водителка и модел беше фотографирана во Лос Анџелес, облечена во импресивни чизми од Saint Laurent. Кафеавите високи чизми над колена, Криси ги искомбинира со кратки фармерки, долга кошула, чантичка од Chloé и шешир, како и авијатичарски очила од колекцијата на Викторија Бекам. Криси беше во друштво на нејзината мала ќеркичка Луна.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.