Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Клер Дејнс во филмска фотосесија за „Вог“

ФОТО: Клер Дејнс во филмска фотосесија за „Вог“

Клер Дејнс, која во 90-тите години се прослави со популарната тинејџерска серија „Мојот таканаречен живот“ (My So-Called Life), повторно ги освои обожавателите ширум светот и наклоноста на критичарите со нејзината улога во хит серијата „Татковина“ (Homeland).

Портретирањето на брилијантната ФБИ агентка Кери Метисон, која боледува од биполарно растројство, послужи како идеален мотив и инспирација за одличната фотосесија за августовското издание на „Вог“, доловена преку објективот на познатата фотографка Ени Либовиц.

Нејзиниот партнер од популарната серија, Демијан Луис, позира заедно со Дејнс на филмските фотографии кои несомнено ја потврдуваат хемијата помеѓу двајцата главни актери.

Харизматичната 34-годишна актерка зрачи со одмерен поглед, привлечност и скриен сексапил на корицата на „Вог“, позирајќи во златен мантил со соодветен метален колан во истата боја, со лежерно пуштена коса и минимална шминка.

Иселување

Баз Лурман, режисерот на филмскиот хит од 1996 година „Romeo+Juliet“, изјави дека „Клер Дејнс е Мерил Стрип на нејзината генерација“, славејќи го талентот на тогаш 16-годишната Дејнс, која ја овековечи најтрагичната љубов на сите времиња покрај брилијантниот Леонардо Дикаприо.

Во интервјуто за „Вог“, Дејнс зборува за своето детство, подемите и падовите во кариерата, наградите и секако, глумата во американската хит серија која го запечати нејзиниот статус на ѕвезда.

Дејнс позира во прекрасни модни парчиња, а фотографиите ја доловуваат магијата на фустанот од колекцијата на Викторија Бекам во комбинација со обувки на Маноло Бланик.

Иселување

Репризирајќи една од најнапнатите сцени во серијата, која го вклучува испрашувањето на Броди (Демијан Луис) од страна на Кери (Дејнс), привлечната актерка со совршена фигура позира пред огледало, носејќи син волнено-фланелен фустан на Келвин Клајн со прекрстени дебели прерамки на грбот.

Клер Дејнс и Демијан Луис

Дона Каран го долови нејзиниот сексапил и неодолив шарм преку огнено црвениот свилен фустан, додека Нарцисо Родригез се погрижи за долгиот и елегантен сребрен фустан изработен од свила и сатен.

Клер Дејнс и Демијан Луис Клер Дејнс и Демијан Луис Клер Дејнс и Демијан Луис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12023 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.