Кајли Џенер и Тревис Скот ретко се појавуваат заедно на свечености.
24-годишната реалити ѕвезда го придружуваше својот сакан на доделувањето на музичките награди на Билборд. Заедно со нив беше и нивната 4-годишна ќерка Сторми.
За настанот во Лас Вегас, Кајли беше облечена од глава до пети во модели од Balmain, а Сторми носеше патики и фустанче од Rick Owens.
Тревис настапи на сцената и беше номиниран во категоријата Најдобра денс песна, но не успеа да ја освои наградата.