Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Каролина Гочева и Тамара Тодевска со малата ќеркичка Хана на сцената на „Струмица Опен Фест“

ФОТО: Каролина Гочева и Тамара Тодевска со малата ќеркичка Хана на сцената на „Струмица Опен Фест“

Во периодот од 10 до 19 август по седми пат се одржа фестивалот на отворено „Струмица Опен Фест“. Бројни познати изведувачи од земјава и странство ја забавуваа публиката на Градскиот Плоштад во Струмица.

Каролина Гочева одржа свој концерт на шестиот ден, додека Тамара Тодевска настапи пред струмичани на седмиот ден од музичкиот настан. За време на настапот на Тодевска, на сцената се качи и нејзината 2-годишна ќерка Хана, која доби можност да запее на микрофонот.

Двете македонски ѕвезди на Instagram споделија албуми со фотографии од своите изведби на фестивалот под отворено небо. Бремената Тамара избра целосно црн стајлинг, додека Каролина носеше црни панталони со висок струк и бела маичка со црни точки.

На фотографијата со малата Хана, Тамара напиша: „Толку беше среќна што ја викнав да дојде на сцена, ми дотрча во прегратка... И секако веднаш го бараше микрофонот“.

Фотографиите и едно од видеата споделени од Тодевска се дело на Ѓорги Вацев.

Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска

Видеа

38-годишната битолчанка им се заблагодари на жителите на Струмица за прекрасната вечер.

„Струмичани, од срце фала за уште една прекрасна вечер! Уживавме!“ – напиша таа, споделувајќи фотографии кои ги потпишуваат Ѓорги Вацев и Сречко Гунчев.

Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11094 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.