Викторија Бекам отсекогаш сакала да влезе во модната индустрија. Сега таа е успешна дизајнерка, но започнала да се пробива како модел.
На фотографиите направени во 1992 година, Викторија ги покажува своите најдобри пози. Фотосесијата е направена откако Викторија завршила средно училиште, каде била малтретирана од своите соученици. Според нејзините изјави, таа се срамела што имала богати родители и го молела својот татко да не ја носи на училиште со Ролс-Ројс за да не биде исмејувана. Некои од учениците дури и фрлале по неа со камења.
Две години подоцна таа стана дел од познатата група Spice Girls.









