Ирина Шајк и Бредли Купер негуваат многу блиски односи и по раскинувањето.
35-годишната манекенка и 46-годишниот актер беа фотографирани насмеани, рака за рака со 4-годишната ќеркичка Леа.
Иако повторно се разгорија гласини дека повторно се заедно, извор близок на парот потврдил дека тие не ја обновија љубовната врска. „Тие се многу блиско семејство, но не се официјално повторно заедно“ – се вели во изјавата.



Ирина и Бредли започнаа да се состануваат во 2015 година, во 2017 ја добија ќеркичката Леа, а раскинаа во 2019 година.





За време на прошетката, тие се сретнаа со актерката Ен Хетавеј и нејзиниот сопруг.








