Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Идната невеста Софија Вергара блесна во нежни фустани за „Martha Stewart Weddings“

ФОТО: Идната невеста Софија Вергара блесна во нежни фустани за „Martha Stewart Weddings“

Софија Вергара, која во ноември ќе стапи во брак со актерот Џо Манганиело, сними невестинска фотосесија за есенското издание на „Martha Stewart Weddings“.

43-годишната Колумбијка блеска во нежни и деликатни фустани од врвни дизајнери како Моник Лулие, Вера Ванг, Маркеза, Роса Клара и Питер Лангнер на фотографиите кои се дело на Волтер Чин.

Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара

Популарната актерка од серијата „Modern Family“ изјавила дека нема да експериментира со својот изглед за свадбата. „Твојата свадба не е време за да испробуваш нови нешта. Ќе ги имаш тие фотографии засекогаш“ – рекла таа.

Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара

Вергара признала и дека сака свадба на која гостите ќе се забавуваат. „Свадбата е за создавање на спомени кои секогаш ќе ги негувате. Тоа е она што е важно“ – изјавила таа.

„Тортата ми е омилен дел, па масата со тортата ќе биде супер специјална. Голема свадбена торта со многу десерти“ – додала Софија.

Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11364 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.