Иванка Трамп привлекува море од комплименти со својот изглед. 34-годишната бизнисменка пред само една седмица го роди своето трето дете, а веќе може да се пофали со привлечна фигура.
Славната ќерка на Доналд Трамп беше фотографирана во Њујорк заедно со 4-годишната ќеркичка Арабела, синот Џозеф и сопругот Џаред Кашнер, кој го носеше новороденчето Теодор.
Иванка пред неколку дена сподели и фотографија од болница со малиот син.
Непосредно пред породувањето, семејството беше фотографирано на прошетка низ Големото јаболко.
Иванка и Џаред се во брак од октомври 2009 година.
