Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Згодниот Николај Костер-Валдау од „Game of Thrones“ за „GQ“ Турција

ФОТО: Згодниот Николај Костер-Валдау од „Game of Thrones“ за „GQ“ Турција

Ѕвездата од хит серијата „Game of Thrones“ Николај Костер-Валдау привлекува женски погледи кон страниците на турското издание на „GQ“.

44-годишниот дански актер застана пред објективот на фотографот Ричард Рамос за јануарското издание на машкото списание.

Николај Костер-Валдау Николај Костер-Валдау

Во интервјуто за списанието, Николај појасни зошто сè уште живее во Данска и зборуваше за улогата во „Game of Thrones“.

За живеењето во Данска: „Живеам и во Данска и во Лос Анџелес, бидејќи треба постојано да патувам поради работата. Мислам дека е себично да ги попречувам плановите на моите деца и мојата сопруга. Ако бев сингл, ќе размислев дали да се преселам во Лос Анџелес, но сега имам други приоритети. Мислам дека треба да го одвојуваме личниот живот од работата.“

За улогата во „Game of Thrones“: „Имав повеќе улоги во Холивуд досега, но морам да признам дека улогата во „Game of Thrones“ е најважната работа за мене.“

Николај Костер-Валдау Николај Костер-Валдау Николај Костер-Валдау Николај Костер-Валдау Николај Костер-Валдау Николај Костер-Валдау Николај Костер-Валдау

Погледнете видео од снимањето на едиторијалот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10267 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.