Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Згодниот Бред Пит како Роберт Редфорт за списанието „V“

ФОТО: Згодниот Бред Пит како Роберт Редфорт за списанието „V“

Бред Пит и на 51 година забрзува женски срца. Холивудскиот шармер сними фотосесија за „V“ инспирирана од Роберт Редфорд.

Стилот од 70-тите години е претставен низ едиторијалот „Born To Be Brad“ зад кој стои фотографското дуо Инез и Винуд.

Бред Пит

Во интервјуто за списанието, Пит зборувал за новиот филм со својата сопруга Анџелина Џоли.

Пит и Џоли го снимаа филмот „By The Sea“ непосредно по нивната свадба. „Тоа веројатно не беше најумниот начин да се помине медениот месец. Но, карањето за да создадеш нешто заедно... има ли подобра метафора за брак?“ – рекол тој и додал дека филмот е зрел поглед на предизвиците на љубовта.

Бред Пит Бред Пит

Џоли влезе во улогата на актерка, режисерка и сценаристка за да ја донесе драмата на големото платно. „Изненадувачки многу уживав во режирањето на мојата сопруга. Таа е решителна, неверојатно интуитивна, остра како нож и можам да речам секси на должност“ – рекол тој и дополнил дека целосно ѝ верува на својата животна сопатничка.

Бред Пит Бред Пит Бред Пит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11490 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.