Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ева Мендес во првиот едиторијал по раѓањето на втората ќеркичка

ФОТО: Ева Мендес во првиот едиторијал по раѓањето на втората ќеркичка

Ева Мендес сними едиторијал за „Latina“. Шармантната актерка и дизајнерка ги краси страниците на септемвриското издание на списанието.

Ѕвездата која е во врска со Рајан Гослинг позираше во креации од врвни брендови пред објективот на фотографот Диего Учител.

Ева Мендес Ева Мендес

Во интервјуто за списанието, Мендес зборувала за смртта на нејзиниот брат во истата недела кога се родила нејзината втора ќеркичка и за мајчинството.

„Загубата на брат ми го зближи нашето семејство уште повеќе. Кога ги видов сите како си даваат поддршка еден на друг, се почувствував многу среќна што ги имам. И потоа, сите тие беа покрај мене кога се роди Амада. Погребот беше во истата недела кога се породив. Беше навистина, навистина напнато и трогателно, но истовремено на некој начин убаво“ – изјавила таа.

Ева Мендес Ева Мендес

„Имам две девојчиња. Рано е за мене да давам големи изјави за мајчинството. Моето поголемо девојче нема наполнето ни две години, а помалата ќерка е сè уште новороденче. Засега навистина се работи за преживување на оние ноќи. Се обидуваме да уживаме во времето поминато со нив што е можно повеќе и да ги зближиме Есмералда и Амада. Навистина е специјално време. Го обожавам“ – додала Ева.

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12029 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.