Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Доделувањето на наградите и перформансот на гала-отворањето на „Браќа Манаки“

ФОТО: Доделувањето на наградите и перформансот на гала-отворањето на „Браќа Манаки“

Битола вчера дишеше во ритамот на филмот. Синоќа се одржа свеченото отворање на ИФФК „Браќа Манаки“, а на првиот ден беа доделени три специјални награди.

39. издание на најстариот светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери започна со специјален перформанс режиран од Срѓан Јаниќијевиќ. Во перформансот учествуваа актерката Јелена Јованова и балерината Ивана Коцевска, пијанистката Дуња Иванова и поетот Јовица Ивановски.

Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“

Оскаровецот Роџер Дикинс е лауреат на наградата Златна камера 300 за животно дело, која му беше доделена од директорката на фестивалот Гена Теодосиевска.

Отворањето на „Браќа Манаки“

„Кога стојам овде пред вас се чувствувам дека сум на погрешната страна од камерата. Повеќе би сакал да бидам зад неа. Мислам дека Фестивалот трае исто толку години колку што јас снимам филмови. Многу ми е драго што сум дел од оваа историја затоа што познавам многу луѓе што предтходно биле тука, но јас досега немав можност да дојдам. Пресреќен сум што станувам дел од оваа историја“ – изјави познатиот филмски уметник на сцената.

Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“

Филмската дива Клаудија Кардинале беше почестена со специјалната Златна камера 300 за својот особен придонес во светската филмска уметност. Статуетката нејзе ѝ беше врачена од министерот за култура Асаф Адеми. Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“

80-годишната Италијанка одржа краток говор за да се заблагодари за оваа голема чест.

Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“

Друштвото на филмските професионалци на Македонија го согледа талентот и трудот на нашата Милица Стојанова и оваа година токму нејзе ѝ ја додели наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм.

„Годинава наградата ја доделуваме на една легендарна филмска актерка која се појавува во филмовите на Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Столе Попов. Може да ја видите во ‘Исправи се Делфина’, ‘Среќна нова 49’, ‘Пред дождот’, ‘Оловна бригада’, пред некоја година во ‘Три дена во септември’ на Даријан Пејовски и во краткиот филм ‘Види ја ти неа’, што доби награда на фестивалот во Санденс. Во 60-годишната професионална актерска кариера, 86-годишната Стојанова имала стотици театарски улоги, како и значаен број филмски и телевизиски, а најчесто играла лик на мајка“ – рече режисерот Игор Иванов-Изи, претседател на ДФПМ, кој ѝ ја додели наградата на македонската филмска ѕвезда.

„Му благодарам на Друштвото на филмските работници што го согледа мојот труд пред камерата и сега сум лауреат на оваа престижна награда. Оваа награда многу ми значи затоа што се разликува играта пред камера од театарот, но таа е еднаква по уметничкиот предизвик. Им благодарам на сите филмски режисери и телевизиски режисери кои ми пружија можност да се сплотам со животот на разни луѓе пред камерите“ – рече Стојанова.

Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“

Фестивалот ќе трае до 29 септември, кога ќе бидат доделени трите главни награди „Камера 300” (Златна, Сребрена и Бронзена) за најдобар кинематографер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.