Војвотката Кетрин и принцот Вилијам присуствуваа на хуманитарна гала во Хоутон Хол во Норфолк, Англија.
На свечената вечера, Кетрин се појави во елегантна креација од Џени Пекам.
Станува збор за истиот фустан кој славната претставничка на британското кралско семејство го носеше пред 5 години, на првиот јавен настан по свадбата со Вилијам.
Кетрин и Вилијам во 2011 година
Галата во Хоутон Хол беше организирана за поддршка на EACH (група детски болници во Источна Англија).
