Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Во прекрасниот дом на Џесика Алба

ФОТО: Во прекрасниот дом на Џесика Алба

Џесика Алба ги отвори вратите на својот дом за електронското списание Domaine. 32-годишната актерка ја претстави куќата на два ката, изградена во типичен калифорниски стил, која се наоѓа во Беверли Хилс.

На фотографиите Алба позира заедно со двете ќеркички, 5-годишната Хонор и едногодишната Хевен.

Во интервју за списанието, Алба открила дека максимално се труди нејзиниот еко дом да биде ослободен од штетни токсини, а исто така и дека преферира винтиџ мебел. „Работите кои се резултат на масовно производство го немаат она што го имаат постарите нешта. Ја сакам приказната која се крие зад нив, фактот што тие имале живот“ – изјавила таа.

Низ прекрасниот дом може да се сретне вертикална градина и ѕид со фотографии од големото семејство на Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен. „Кога се преселивме, побарав од сите членови од семејствата од двете страни да ни испратат стари фотографии. Убаво е децата да растат со нивното семејство наоколу“ – објаснила таа.

Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба Домот на Џесика Алба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.