Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Брус Вилис ја покажа својата мала ќеркичка

ФОТО: Брус Вилис ја покажа својата мала ќеркичка

Брус Вилис ја покажа својата нежна страна на фотографија која ја објави неговата сопруга, Ема Хеминг. На фотографијата славниот актер ја држи во рацете својата мала ќеркичка Мејбел Реј и нежно ја бакнува на челото.

„Прекрасен ден во Будимпешта со љубовите на мојот живот“ – напиша Ема на својот Twitter профил и ја објави слатката фотографија.

Брус Вилис и Мејбел Реј

33-годишната актерка се породи на 1 април. Мејбел е првото дете на Ема и 57-годишната филмска ѕвезда.

Брус Вилис има уште три ќерки со првата сопруга, Деми Мур – Румер (23), Скаут (20) и Талула (17). Познатиот актер стапи во брак со Ема во 2009 година, девет години по разводот со Деми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11149 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.