Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бритни Спирс со новиот дечко и двата сина позираше за „People“

ФОТО: Бритни Спирс со новиот дечко и двата сина позираше за „People“

Бритни Спирс сними забавна семејна фотосесија за „People“. Музичката ѕвезда релаксирано позираше покрај двата сина Џејден Џејмс и Шон Престон и новиот љубовен партнер Чарли Еберсол, во големиот двор на својата куќа.

„Никогаш не сум била посреќна... Благословена сум“ – изјавила популарната пејачка, која во моментов е посветена на семејството и нејзините настапи во „Planet Hollywood“ во Лас Вегас.

Бритни Спирс со семејството Бритни Спирс со семејството

Без оглед на многуте ангажмани на професионален план, Спирс вели дека секогаш наоѓа време за своите најмили. „Децата ми се на прво место во животот“ – вели таа.

Бритни Спирс со семејството

33-годишната пејачка и 32-годишниот продуцент ја започнаа својата врска пред шест месеци. „Имаше нешто кај него што правеше да се чувствувам спокојно и слободно. И беше навистина жежок. Неодоливо згоден“ – рекла таа.

„За мојот роденден направивме вафли на подот, имаше и свеќи, а тој ми донесе вистинска прекрасна торта и прекрасен подарок кој го чувам на ѕидот. Една од моите омилени песни е Thank U од Аланис Морисет, па тој го постави текстот на песната во долга рамка“ – раскажала Бритни за романтичниот гест на Еберсол.

Бритни Спирс со семејството Бритни Спирс со семејството Бритни Спирс со семејството

Иако има два неуспешни брака зад себе, Бритни вели дека би сакала повторно да застане пред олтар. „Би сакала. Верувам во бајки“ – рекла таа.

Бритни Спирс со семејството

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.