Криси Тиген редовно го придружува својот сопруг Џон Леџенд на свечените настани.
32-годишниот модел не пропушти да присуствува и на галата „City Harvest“ во Њујорк иако веќе е во напредна бременост. За настанот, Криси избра розова креација од Валентино, сандали од Џузепе Ѕаноти, чанта од Џудит Либер и обетки од Лорејн Шварц.
Џон и Криси го очекуваат своето второ дете, кое е момче и кое треба да се роди во јуни. Парот заедно има ќерка, 2-годишната Луна.