Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Браќата и сестрите на славните

ФОТО: Браќата и сестрите на славните

Знаете ли како изгледа братот на Бред Пит? А сестрата на Џенифер Лопез? А, знаевте ли дека Ештон Кучер има брат близнак? Погледнете некои од браќата и сестрите на славните.

Бред ПитБред Пит и Даг Пит можете да познаете дека се браќа. Даг е фото новинар и директор на хуманитарна организација која им помага на луѓето во Африка да имаат пристап до чиста вода. Анџелина ЏолиАнџелина Џоли со својот брат Џејмс Ештон КучерСигурно ќе се изненадите што Ештон Кучер има брат близнак. Но, нема голема физичка сличност помеѓу Ештон и Мајкл, бидејќи Мајкл страда од церебрална парализа. Денес тој го користи тоа што е во роднинска врска со Ештон за да собира пари за хуманитарна организација која работи за деца кои страдаат од церебрална парализа. „Тоа што сум му брат на Ештон Кучер ми даде можност да бидам тој глас и сфаќам дека треба да ја искористам таа можност за да им помагам на другите“ – изјавил Мајкл. Џенифер ЛопезЏенифер Лопез има две сестри. На фотографијата е со својата сестра Линда, која е две години помлада. Џулија РобертсЏулија Робертс и повозрасната сестра Лиса Робертс, која исто така глумеше во филмот „Runaway Bride“. Шерон СтоунШерон Стоун тврди дека нејзината сестра Кели ја научила како да флертува. „Мојата сестра е секс бомба“ – вели 53-годишната актерка. Селма ХајекСелма Хајек и нејзиниот брат Семи, кој изработува столови за богати клиенти како Бред Пит и Џенифер Анистон. Пенелопе КрузПенелопе Круз со својата сестра Моника Круз, која е актерка, и братот Едуардо. Роберт Роберт Патинсон со својата сестра Елизабет, која е текстописец. Блејк ЛајвлиБлејк Лајвли е најмалата од пет деца. На фотографијата е со повозрасната сестра Лори. Ема ВотсонЕма Вотсон со својот помал брат Алекс. Ева МендесЕва Мендес со своите повозрасни сестри. Линдзи ЛоханЛиндзи Лохан со својата сестра Али (десно) и својата мајка (лево). Лејтон МистерЛејтон Мистер со својот брат Лекс, кој има сериозни здравствени проблеми. Скарлет ЈохансонСкарлет Јохансон со својот брат Хантер. Чејс КрафордЧејс Крафорд и неговата сестра Кендис. БијонсеБијонсе и нејзината сестра Соланж.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11605 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.