Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс присуствуваа на прикажувањето на „Final Portrait“ во Њујорк. На филмскиот настан, славниот пар привлекуваше внимание во елегантно издание.
30-годишната актерка од серијата „Gossip Girl“ шармираше во карирана креација од брендот Monse, сандали од Кристијан Лобутин и палто од Оскар де ла Рента.
Холивудските ѕвезди изгледаа среќно и заљубено додека беа фотографирани од фоторепортерите.
Актерите се во брак од 2012 година и заедно имаат две ќеркички.