Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бијонсе во својата прва спортска колекција за „Elle“

ФОТО: Бијонсе во својата прва спортска колекција за „Elle“

Бијонсе пред неколку дена ја претстави својата прва колекција спортска облека „Ivy Park“. 34-годишната музичка дива продолжи да ги промовира своите креации во едиторијал за „Elle“.

Славната сопруга на Џеј Зи позираше пред објективот на фотографката Паола Кудаки за мајското издание на познатото списание.

Бијонсе Бијонсе

Во интервјуто, Бијонсе споделила дека новата колекција цели да ги привлече сите жени, без оглед на нивната фигура и да ги поттикне да го сакаат своето тело. „Тоа е суштината – да ја слави секоја жена и телото во кое е таа додека постојано се стреми да биде подобра... Мора да се грижиме за нашите тела и што ставаме во нив. Жените мора да издвојуваат време за да се фокусираат на своето ментално здравје – да издвојуваат време за себе, за духовното, без да се чувствуваат виновно или себично. Светот ќе те гледа онака како што се гледаш ти и ќе те третира онака како што се третираш сама“ – рекла таа.

Бијонсе Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11220 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.