Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Атрактивната Џенифер Лопез за „Self“

ФОТО: Атрактивната Џенифер Лопез за „Self“

За Џенифер Лопез времето исто како да застанало. Привлечната ѕвезда изгледа фантастично на 45-годишна возраст, а фотографиите од новото издание на „Self“ се потврда за тоа.

Славната пејачка и актерка позираше во бела облека која го истакна нејзиното тонирано тело. Фотографиите биле направени во Вест Холивуд од страна на Алекси Љубомирски.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Лопез е незапирлива кога станува збор за работата. Во новата година таа ќе промовира два нови филма, нова музика и нова телевизиска серија. „Сакам на сите да им покажам дека можам да направам сè и да бидам супержена. Но, морам да си издвојувам и време за себе“ – рекла таа во интервју за списанието.

Џенифер Лопез

Во новиот филм „The Boy Next Door“, Лопез глуми мајка која е заведена од 19-годишен сосед, но веднаш потоа се кае за сексуалната авантура за една ноќ. На прашањето што ја привлекло кон таа улога, Лопез одговорила: „Можам да се поврзам со неа. Поминав низ развод. Ме имаат изневерено во животот, како и секоја друга девојка на светот. Па, можам да сочувствувам, ги разбирам тие емоции. Исто така, еднаш во животот бев во врска со помладо момче, па и тој дел можам да го разберам.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.