Талија го прослави својот роденден со неочекувана забава организирана од нејзините најблиски. Актерката и пејачка, која кај нас е позната по серијата „Росалинда“, сподели фотографии од одбележувањето на 47-миот роденден.
Облечена во шарено здолниште од Версаче, Талија позира пред балони кои го испишуваат нејзиното име и со гламурозна торта.
Заедно со неа славеа и нејзиниот сопруг Томи Мотола и нивните деца - Сабрина и Метју.
Фотографиите измамија многу коментари кај нејзините фанови дека изгледа фантастично за возраста.