Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли со Бред Пит и синот Медокс на примањето на почесен Оскар

ФОТО: Анџелина Џоли со Бред Пит и синот Медокс на примањето на почесен Оскар

Анџелина Џоли со елегантен изглед привлекуваше погледи на црвениот тепих пред почетокот на Governors Awards.

Облечена во црн долг фустан од Версаче, Џоли позираше покрај својот свршеник Бред Пит и синот Медокс.

Анџелина Џоли, Бред Пит и МедоксАнџелина Џоли, Бред Пит и Медокс Анџелина Џоли Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли, Бред Пит и Медокс Анџелина Џоли Анџелина Џоли

За време на манифестацијата, на 38-годишната холивудска ѕвезда ѝ беше врачена специјалната награда за хуманост „Џин Хершолт“, наречена по данскиот актер кој беше еден од најактивните филантропи во Холивуд.

Џоли, која го доби својот прв Оскар за најдобра актерка во споредна улога за филмот „Girl, Interrupted“ од 1999 година, ја доби специјалната награда за својата блиска соработка со многу хуманитарни организации, како и со Обединетите Нации.

Откако Џорџ Лукас ѝ ја додели оскаровската статуетка, Џоли одржа краток говор во кој ѝ се заблагодари на својата покојна мајка за тоа што ја инспирирала да мисли на другите луѓе и да биде хумана. „Тоа што стојам денес тука значи дека го направив тоа што таа го побара. Ако таа беше жива, ќе беше многу горда“ – рекла Џоли.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

На свечената церемонија беа доделени уште три почесни награди. Актерите Стив Мартин и Анџела Лансбери и костимографот Пјеро Този добија награди за своите достигнувања во филмската индустрија.

Анџелина Џоли, Анџела Лансбери и Стив МартинАнџелина Џоли, Анџела Лансбери и Стив Мартин Анџелина Џоли, Анџела Лансбери и Стив Мартин

Емотивниот говор на Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11569 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.