Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли со Бред Пит и децата за „Вог“

ФОТО: Анџелина Џоли со Бред Пит и децата за „Вог“

Анџелина Џоли со своето семејство позираше пред објективот на легендарната Ени Либовиц за ноемвриското издание на „Вог“.

40-годишната актерка се забавуваше на плажа со шесте деца – Медокс, Захара, Шајло, Пакс, Нокс и Вивиен. На една од фотографиите е и нејзиниот сопруг Бред Пит.

Анџелина Џоли со своето семејство Анџелина Џоли со своето семејство Анџелина Џоли со своето семејство

За семејниот едиторијал, Џоли носеше креации на модни куќи како Келвин Клајн, Сен Лоран Ботега Венета, Оскар де ла Рента, Дона Каран и Ланвин.

Во интервјуто за модната библија, Анџелина зборуваше отворено за операциите за отстранување на јајниците и двете дојки поради високиот ризик од рак, како и за менопаузата.

Пред две години, Џоли откри дека го носи мутираниот ген BRCA1, кој значително го зголемува ризикот од развој на рак на гради и рак на јајниците. Оттогаш таа си направи двојна мастектомија и операција за отстранување на јајниците и јајцеводите.

„Тешко е. Тоа не се лесни операции“ – рекла таа и дополнила дека менопаузата и промените во хормоните воопшто не се едноставен процес.

„Се чувствувам приземна како жена. Знам дека и другите се чувствуваат така. Двете жени во моето семејство, мајка ми и баба ми, започнаа да умираат во 40-тите години од животот. Јас имам 40 години. Едвај чекам да наполнам 50 и да знам дека сум успеала“ – изјавила таа.

Анџелина Џоли со своето семејство Анџелина Џоли со своето семејство Анџелина Џоли со своето семејство Анџелина Џоли со своето семејство Анџелина Џоли со своето семејство

Премиерата за новиот филм на Анџелина и Бред „By The Sea“ е закажана за следниот месец.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.