Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Алесандра Амбросио позираше гола во осмиот месец од бременоста

ФОТО: Алесандра Амбросио позираше гола во осмиот месец од бременоста

Бременоста не ги спречува познатите манекенки да продолжат со својата работа. Во третиот месец од бременоста Алесандра Амбросио дефилираше на ревијата на Victoria's Secret по долна облека, а сега, во осмиот месец од бременоста, таа позираше гола.

31-годишната манекенка објави на Facebook фотографија од новата рекламна кампања за бразилската компанија за накит „Vivara“. Амбросио позира свртена во профил и со раката си ги прекрива градите, при што до израз доаѓаат големите парчиња накит. Фотографијата е дело на познатото дуо Мерт и Маркус.

Алесандра Амбросио

Алесандра е бремена со своето второ дете. На почетокот на овој месец таа им откри на своите фанови на Facebook дека очекува момче.

Алесандра АмбросиоIt's a Boy

Алесандра и нејзиниот свршеник Џејми Мазур се заедно од 2005 година и веќе се родители на тригодишната Ања Луиз.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11485 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.