Адријана Лима отпатува во Монте Карло за да присуствува на Гран При трката.
35-годишната Бразилка не можеше да остане незабележана, бидејќи за спортскиот настан избра бел костум со разголено деколте и силен црвен кармин. Во Монако, убавиот ангел на Victoria’s Secret заедно со својата пријателка Кармен Џорда го бодреше возачот на Ф1 Луис Хамилтон.
И Лима и Џорда споделија фотографии од трката на своите профили на Instagram.
Претходно, Лима беше фотографирана во Монако во црвен костум, а синоќа беше фотографирана во елегантен кремов фустан.
Меѓу останатите модели во публиката беа и Бела Хадид и Вини Харлоу за која се шпекулира дека е во врска со Хамилтон.