Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ферги доби поткрепа и извинување

Ферги доби поткрепа и извинување

Black Eyed PeasBlack Eyed Peas

По скандалозното признание на стриптизерката Никол Форестер дека спиела со актерот Џош Духамел, неговата сопруга, атрактивната Ферги, ја доби целосната поткрепа од својата мајка и членовите на групата Black Eyed Peas.

Блиските на Ферги и Џош неколкупати изјавија дека се на страната на Џош и дека младото семејство нема никакви проблеми во бракот.

„Сè е во ред. Ние сме семејство и нема да дозволиме некакви глупости да нè онерасположат. Ги познавам мојот брат и сестра и знам колку многу се сакаат“ – изјави Табу од Black Eyed Peas, коментирајќи ги Ферги и Џош.

Во меѓувреме Ферги доби и извинување од стриптизерката, која помина на детектор за лаги за да докаже дека спиела со Џош.

„Многу ми е жал. Мислев дека никој нема да дознае и дека никој нема да биде повреден. Жалам што тогаш не размислував како што размислувам сега.“ – изјави 34-годишната Форестер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11139 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.