Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Фановите восхитени: Лејди Гага и Бредли Купер за првпат ја изведоа во живо „Shallow“

Фановите восхитени: Лејди Гага и Бредли Купер за првпат ја изведоа во живо „Shallow“

Бредли Купер и Лејди Гага за првпат ја изведоа во живо песната „Shallow“, која е дел од саундтракот за нивниот заеднички филм „A Star Is Born“.

За време на еден од концертите на Гага во Лас Вегас, 44-годишниот актер се качи на сцената за изненадна изведба на популарната балада. Додека Купер пееше, 32-годишната музичарка не можеше да си ги задржи солзите.

Фановите не можеа да ја сокријат возбудата поради обединувањето на дуото и ги преплавија социјалните мрежи со видеа и фотографии од Купер и Гага. Се разбира, не изостанаа ниту комплиментите за одличната изведба.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.