Синчето на Фахрие Евџен и Бурак Озчивит порасна.
34-годишната турска актерка, позната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, сподели албум со неодоливи фотографии од пораснатото детенце. На нив, таа со широка насмевка позира заедно со едногодишното момче.





Каран е прво дете на Фахрие и Бурак, кој кај нас се прослави со улогите на Кемал во „Карасевда“ и Бали-бег во „Величествениот“.
Двајцата актери се верија во март 2017 година, а стапија во брак три месеци подоцна.
