Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Турската актерка Бергузар Корел сподели фотографии од породувањето за да му го честита 11-тиот роденден на синот

Турската актерка Бергузар Корел сподели фотографии од породувањето за да му го честита 11-тиот роденден на синот

Синот на Бергузар Корел и Халит Ергенч наполни 11 години. Славниот турски пар сподели фотографии и порака за да му го честита роденденот на Али.

Фотографиите се од денот на раѓањето на Али, а прикажан е моментот кога Бергузар и Халит за првпат ќе го земат во прегратка.

Бергуар Корел фотографии

Драг сине,

Го споделувам ова со твоја дозвола.

Ти денес наполни 11 години.

Со твоето доаѓање на овој свет, како млада жена, направи да го почувствувам мајчинството, кое најверојатно е причината за моето постоење во овој живот.

Со неопислива среќа, со чувство кое го немав искусено дотогаш, јас се менував и растев.

Со твојата љубов, мудрост и сочувство кон секое живо суштество на светот, со твојата храброст, јас учев нешто ново секој ден.

За тоа ти благодарам.

Те бакнав на трепките кога ги отвори тие прекрасни очи пред 11 години и ме погледна в очи без да плачеш.

Ти посакувам здравје, радост и среќа низ животот. Секогаш погледнувај во моите очи, кога и да ти треба.

Бог да те благослови.

Бергуар Корел фотографии Бергуар Корел фотографии Бергуар Корел фотографии Бергуар Корел фотографии

Бергузар и Халит, кои сигурно ќе ги паметите како Шехерезад и Онур од серијата „1001 ноќ“, се во брак од 2009 година. Тие станаа родители на Али во февруари 2010 година, а минатата година добија уште едно синче, кое се вика Хан.

Бергуар Корел фотографии Бергуар Корел фотографии Бергуар Корел фотографии

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.