Почетна » Новости » Актуелно » Гордана Сиљановска-Давкова отмена на прием кај холандскиот крал Вилем-Александар и елегантната кралица Максима

Гордана Сиљановска-Давкова отмена на прием кај холандскиот крал Вилем-Александар и елегантната кралица Максима

Гордана Сиљановска-Давкова деновиве престојува во Хаг по повод Самиот на НАТО.

Македонската претседателка учествуваше во низа дипломатски активности заедно со лидерите на НАТО земјите, меѓу кои и свечен прием приреден од холандското кралско семејство.

Врвните светски политичари им беа гости на холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима.

На свеченоста, Сиљановска-Давкова пристигна со широка насмевка и зачекори во еден сосема достоинствен и промислено избран стајлинг со мастилесто-син фустан којшто совршено го балансираше класичниот дипломатски кодекс со лична автентичност.

Прием по повод Самиот на НАТО Прием по повод Самиот на НАТО Прием по повод Самиот на НАТО Прием по повод Самиот на НАТО

„Ми беше чест да присуствувам на свечениот прием организиран од Неговото Височество Вилем-Александар, крал на Холандија и Нејзиното Височество кралицата Максима, во пресрет на Состанокот на Северноатлантскиот совет во Хаг“ – порача таа по настанот.

Прием по повод Самиот на НАТО Прием по повод Самиот на НАТО Прием по повод Самиот на НАТО

Највпечатлива на приемот беше холандската кралица Максима, која носеше елегантен комбинезон во светла жолта нијанса.

Прием по повод Самиот на НАТО Прием по повод Самиот на НАТО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26819 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.