Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Трејлер на провокативниот мјузикл „Nine“ – видео

Трејлер на провокативниот мјузикл „Nine“ – видео

Љубителите на мјузиклот „Чикаго“ може да се подготват за уште едно музичко доживување на филмското платно од режисерот Роб Маршал – мјузиклот „Nine“.

Прекрасната екипа, составена од Никол Кидман, Кејт Хадсон, Ферги, Пенелопе Круз, Марион Котијар и Софија Лорен, може да им го привлече вниманието дури и на оние кои не се обожаватели на мјузикли.

„Nine“ е провокативен мјузикл, кој го следи животот на познатиот филмски режисер Гуидо Контини (Даниел Деј-Луис). Контини доживува криза во својот личен и професионален живот и влегува во драматични односи со своите жена, љубовница, муза, агент и мајка.

„Nine“ ќе се најде во кината во Лос Анџелес и Њујорк на 18 декември, а интернационално ќе започне да се прикажува од 25 декември.

Постери

Трејлер „Nine“ - видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.