Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Трета радост: 50-годишниот Борис Новковиќ очекува дете со 26 години помладата девојка

Трета радост: 50-годишниот Борис Новковиќ очекува дете со 26 години помладата девојка

Борис Новковиќ по третпат ќе стане татко. 50-годишниот пејач очекува дете со својата 24-годишна девојка Ирис Волф.

Среќната вест ја потврди Новковиќ за „Večernji list". „Вистина е. Ирис и јас ќе станеме родители. Тоа е најубав и најплеменит дар на љубовта и двајцата вистински го посакувавме. Благодарни сме што ни се оствари“ – изјавил хрватскиот музичар, кој додал дека бременоста минува без проблеми и дека идната мајка блеска.

Ова ќе биде прво заедничко дете на парот.

Борис Новковиќ Борис Новковиќ

Ирис беше прогласена за најсексипилната Хрватка за 2015 година. Таа и Борис ја започнаа својата врска оваа пролет и привлекоа внимание поради големата разлика во возраста.

Борис Новковиќ

Борис има две деца од претходниот брак со Луција од која се разведе во 2011 година. Претходно, тој беше во брак со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11091 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.