Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Тој не можеше веќе да продолжи“: Семејството на Авичи со емотивна порака која алудира на самоубиство

„Тој не можеше веќе да продолжи“: Семејството на Авичи со емотивна порака која алудира на самоубиство

Ненадејната и прерана смрт на Авичи го потресе светот пред речиси една недела, а неговото семејство сега ги засили емоциите кај неговите фанови со соопштение кое алудира на самоубиство.

Авичи

Нашиот сакан Тим беше трагач, кревка, уметничка душа која бараше одговори на прашања за постоењето.

Преуспешен перфекционист, кој патуваше и работеше напорно со темпо кое доведе до екстремен стрес.

Кога престана со турнеите, тој сакаше да пронајде баланс во животот, да биде среќен и да го прави она што го сакаше најмногу – музика.

Тој навистина се мачеше со мисли за Суштината, Животот, Среќата.

Тој не можеше веќе да продолжи.

Сакаше да пронајде мир.

Тим не беше створен за бизнис машинеријата во која влезе. Тој беше чувствителен дечко кој ги сакаше неговите фанови, но избегнуваше да биде во центарот на вниманието.

Тим, секогаш ќе бидеш сакан.

Те сакаме,
Твоето семејство

Безживотното тело на популарниот диџеј беше пронајдено во Оман на 20 април. Засега нема официјална потврда за причината за смртта. Тој имаше само 28 години.

Авичи

„Со длабока тага објавуваме дека го загубивме Тим Берглинг, познат и како Авичи. Тој беше пронајден мртов во Мускат, Оман ова петочно попладне. Семејството е скршено од тага и ги замолуваме сите да ја почитуваат нивната приватност во овој тежок период“ – се велеше во соопштението на неговиот претставник за јавноста.

A post shared by Avicii (@avicii) on

Неговите фанови добро знаат дека тој се соочуваше со здравствени проблеми, предизвикани од консумацијата на алкохол, а тоа беше и главен фактор што им кажа „не“ на турнеите.

Авичи

Авичи потпишува многу светски хитови, меѓу кои „Levels“, „Hey Brother“, „You Make Me“ и „Wake Me Up“ и пред да одлучи да прекине со турнеите во 2016 година, беше еден од најплатените диџеи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.