Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Топ 10 прашања што не можат да се одговорат

Топ 10 прашања што не можат да се одговорат

Сигурно некогаш сте се запрашале „Која е смислата на животот?“, „Постои ли живот на други планети?“ или пак „Што е љубовта?“. Па, не сте единствените, затоа што овие вечни прашања се наоѓаат на листата на топ 10 прашања кои не можат да се одговорат. Списокот е составен според истражување на вебсајтот Ask Jeeves, којшто месечно дава одговор на над 16 милиони прашања.

Луѓе со прашалници

По анализа на над милијарда прашања поставени во текот на изминатава деценија, станало јасно дека најголемото прашање кое не може да се одговори е прашањето за смислата на животот. Но, луѓето не се интересираат само за филозофски прашања. Тие сакаат да знаат и која е најславната личност на светот или пак дали е вистина дека русокосите повеќе се забавуваат.

Топ 10 прашања кои немаат одговор

  1. Која е смислата на животот?
  2. Дали постои Господ?
  3. Дали русокосите повеќе се забавуваат?
  4. Кој е најдобриот начин за слабеење?
  5. Дали постојат вонземјани?
  6. Која е најславната личност на светот?
  7. Што е љубов?
  8. Која е тајната на среќата?
  9. Дали Тони Сопрано умре?
  10. Колку долго ќе живеам?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10403 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.