Тони Зен е на егзотично патување на островот Менорка, Шпанија.
42-годишниот македонски пејач со сопругата Валентина и синот Јасен уживаат во убавините на популарната дестинација на Балеарските Острови. Парот сподели фотографии од прекрасните пејзажи и од игрите и дружбите со 6-годишното синче.
Тони ги покажа бројните тетоважи по телото на плажа.
Тони во 2019 година откри дека тајно се ожени со Валентина и дека стана татко на Јасен.
ФОТО: Instagram / Toni Zen
