Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Токио од „La Casa de Papel“ сподели фотографии и порака по снимањето на последната сезона од серијата

Токио од „La Casa de Papel“ сподели фотографии и порака по снимањето на последната сезона од серијата

Заврши снимањето на хит-серијата „La Casa de Papel“.

Урсула Корберо, која ја има улогата на Токио, сподели црно-бели фотографии од снимањето на петтата сезона и со порака им се заблагодари на фановите за поддршката. Петтата сезона од „La Casa de Papel“ ќе биде и последна.

„Дојде крајот. Какво патување. Многу ќе ми недостигаат моите пријатели. Ви благодарам за целата ваша љубов и поддршка, се надевам дека направивме финална сезона каква што заслужувате“ – напиша 31-годишната актерка.

Урсула Корберо Урсула Корберо Урсула Корберо Урсула Корберо Урсула Корберо Урсула Корберо Урсула Корберо Урсула Корберо Урсула Корберо

И Педро Алонсо, кој ја има улогата на Берлин, им се заблагодари на фановите.

„Не чувствувам дека ова е момент за зборување. Само ви се заблагодарувам. На сите. Од дното на моето срце. Знам дека ова беше повеќе од сон“ – напиша тој на Instagram.

Финалната сезона се состои од 10 епизоди. Од Netflix неодамна потврдија дека таа ќе започне да се прикажува во втората половина од 2021 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.