Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тејлор Свифт донира 10.000 долари за аутистично момче да добие терапевтско куче

Тејлор Свифт донира 10.000 долари за аутистично момче да добие терапевтско куче

Тејлор Свифт неретко ја покажува својата хумана страна. Популарната пејачка издвои мала сума од своето богатство и ја донира за аутистично момче да може да добие терапевтско куче.

Џејкоб Хил е петгодишно момче кое има аутизам и поради тоа му е потребно тренирано куче кое ќе му помогне полесно да се справи со симптомите. Се смета дека кучињата им помагаат на децата да ги подобрат своите способности за комуникација и им го зголемуваат интересот за разни активности, а истовремено го намалуваат стресот на целото семејство.

Џејкоб Хил

Цената која семејството Хил требало да ја плати за да му овозможи таква придружба на малиот Џејкоб била 13.500 долари. Немајќи доволно финансиски средства, тие започнаа кампања на сајтот за донации „GoFundMe“.

Сестрата на Џејкоб, Џордан, и нивната братучетка Макејли се вклучија во кампањата и ја препеаја „Blank Space“ на Тејлор Свифт. Во изменетиот текст на песната, 12-годишните девојчиња ги замолуваат хуманите луѓе да донираат средства со кои нивната фамилија ќе може да му овозможи терапевтско куче на малото детенце.

Видео:

Кога видеото стигнало до Тејлор, таа веднаш знаела што треба да направи. 26-годишната музичка ѕвезда донира 10.000 долари за малиот Џејкоб. „Џејкоб, се надеваме дека ќе го сакаш твоето ново куче! Те молиме кажи им на твоите роднини дека завршија одлична работа со песната. Со љубов, Тејлор и Андреа Свифт“ – напишаа Тејлор и нејзината мајка на сајтот за донации.

Кампањата резултираше со собирање на 13.765 долари и благодарение на добродушните луѓе, Џејкоб сега може да има крзнен миленик кој ќе му помага и ќе му биде верен придружник во следните две години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.