Во рамките на 79-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција, се одржа премиерата на новиот македонски филм „Најсреќниот човек на светот“.
Режисерката Теона Стругар Митевска и дел од екипата на филмскиот проект присуствуваа на прикажувањето на филмот во шармантниот италијански град.
„Најсреќниот човек на светот“ учествува во паралелната официјална натпреварувачка програма „Хоризонти“, каде ќе се натпреварува за награди за најдобра режија, најдобар филм, улоги и други важни признанија.


За оваа пригода, Митевска избра впечатлив сребрен костум.






„Најсреќниот човек на светот“ ја доловува тешкотијата на помирувањето неопходно за да се продолжи да се живее во мир после војна.
Најголем успех на Фестивалот во Венеција досега има постигнато Милчо Манчевски со „Пред дождот“, кој ја освои главната награда Златен лав во 1994 година.
Филмот „Прашина“ на Манчевски во 2001 година го отвори Фестивалот, а последен македонски филм што се прикажуваше во Венеција беше „Судијата“ на Жанета Вангели во 2002.

