Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Тајното“ шоу на Долче и Габана на Миланската недела на модата

„Тајното“ шоу на Долче и Габана на Миланската недела на модата

Ноќта пред официјално да ја претстави својата пролетна колекција за 2018 година, модниот гигант Долче и Габана одржа „тајна“ ревија. Ревијата беше закажана само 14 часа пред нивното официјално модно шоу, а поканите беа наменети за мал круг ексклузивни гости.

Сепак, и покрај тоа што самите дизајнери шеговито рекоа дека ова шоу ќе биде тајно, изгледа дека немаше вљубеници во модата кои не дознаа за тајната ревија на Долче и Габана. Двајцата дизајнери уште еднаш ја покажаа нивната желба да соработуваат со модели од т.н. генерации Y и Z.

Тајно шоу Тајно шоу Тајно шоу

Овој пат, дизајнерите Долче и Габана соработуваа само со неколку вистински професионалци. На шоуто дефилираа млади и надежни модели, за чии презимиња веројатно сте слушнале, но бидејќи повеќето од нив имаат некој славен роднина. Така, на тајното шоу на Долче и Габана, се појавија Лори Харви (ќерката на Стив Харви), Ела Ричардс (внука на легендарниот Кит Ричардс), Дилајла Бел и Амелија Греј Хемлин (ќерките на Лиса Рина), Кристијан Комбс (синот на раперот Шон Пи Диди Комбс) итн.

Тајно шоу Тајно шоу Тајно шоу Тајно шоу Тајно шоу

На ревијата можеа да се забележат и некои потполно нови ликови, но учествуваше и славната германска блогерка Каро Даур. Нејзините следбеници на Инстаграм беа презадоволни од одлуката на дизајнерите да ја поканат шармантната Даур на нивната тајна ревија.

Тајно шоу Тајно шоу Тајно шоу Тајно шоу Тајно шоу Тајно шоу Тајно шоу

На прашањата на новинарите кои сакаа да знаат зошто оваа сезона Долче и Габана решиле да нѐ изненадат со две ревии, Стефано Габана одговори дека тој и неговиот соработник дизајнирале огромна колекција од вечерни фустани, коишто било невозможно да ги претстават само во една ревија. Габана ја завршува својата изјава со следниве зборови: „Секоја жена сака да изгледа секси, привлечно и посакувано“. Фустаните коишто беа прикажани се токму такви, секси и привлечни.

Модните критичари и љубителите на модата ги дадоа своите позитивни коментари, а под хаштагот #DGSecretShow уште истиот ден се појавија преку 690 јавни објави на социјалните мрежи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11062 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.