Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Татко по третпат: 29-годишниот Алекса Перовиќ од „Ѕвездите на Гранд“ го доби првото дете со новата сопруга Исидора

Татко по третпат: 29-годишниот Алекса Перовиќ од „Ѕвездите на Гранд“ го доби првото дете со новата сопруга Исидора

Алекса Перовиќ го доби третото дете.

29-годишниот српски пејач, кој се прослави со учеството во Х-фактор заедно со Даниел Кајмакоски, сподели дека повторно стана татко. Алекса му посака добредојде на првото дете со новата сопруга Исидора, со којашто стапи во брак во март оваа година.

Бебенцето е момче и го доби името Мијат.

Алекса Перовиќ Алекса Перовиќ Алекса Перовиќ Алекса Перовиќ

Победникот во 11-тата сезона од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ сподели фотографии од породувањето и од бебенцето и ѝ се заблагодари на сопругата што на свет „донесе мала, а голема душа“. Перовиќ беше присутен во породилната сала и им препорача на сите мажи да го направат истото.

„Ти благодарам љубов што беше храбра, присутна и што соработуваше... Сигурен сум дека ќе бидеш најдобрата мајка на светот! Ти благодарам за емоциите кои не знаев дека можам да ги доживеам... На сите мажи, искрено ви препорачувам да бидете тука, на ова место. Не ги слушајте оние кои велат дека на татковците не им е тука местото и дека не треба да го гледаат сето тоа...“ – стои во неговата објава.

Алекса Перовиќ Алекса Перовиќ Алекса Перовиќ

Претходно, Алекса беше во брак со Милица, со која тајно се разведе во 2023 година. Заедно имаат две ќерки.

Алекса Перовиќ Алекса Перовиќ Алекса Перовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26412 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.